Трките во планинско трчање се сè попопуларна форма на спортски активности низ целиот свет, вклучително и во Србија. Овој тип на трки кој се одржува надвор од стадионите и асфалтираните патишта, привлекува сè поголем број учесници и гледачи. Во Република Србија, трките во планинско трчање се организирани од националните спортски асоцијации, Српскиот атлетски сојуз и планинарскиот сојуз на Србија. Но, покрај официјално пријавените натпревари, се поприсутно е и организирањето на трки од различни здруженија на граѓани надвор од регистрите за спортски активности, а без соодветни работни дозволи.
Планинското трчање како натпреварувачки формат има перспектива и потенцијал за привлекување поголем број млади луѓе од сегашниот. Од друга страна, недостатокот на системски решенија во оваа област, нејасните одговорности меѓу организациите и недостигот на контрола од страна на државата претставуваат најголеми предизвици.
Препораките за подобрување на учеството на младите во планинското трчање би можеле да бидат во насока на:
- Развој на програми и настани насочени кон поддршка на младите во планинското трчање (работилници, кампови, бесплатни тренинзи).
- Зголемување на финансиската достапност на натпревари за млади учесници (намалување на трошоците за регистрација, патување и сместување).
- Зголемување на видливоста на натпреварот и промовирање на здрав начин на живот преку социјалните мрежи и кампањи.
- Едукација на учесниците за здрава исхрана и подготовка за натпреварот.
Овој акционен план има за цел да ја зголеми атрактивноста и видливоста на планинското трчање, особено кај младите луѓе, преку надминување на предизвиците, поттикнување партнерства и имплементација на стратешки иницијативи.
Во наредниот период, неопходно е да се фокусираме на развој на регионални центри во градовите кои имаат силна заедница од планински тркачи, што бара развој на спортски експерти – тренери кои треба да работат со младите.
Потребно е стандардизирање на натпреварот и поврзување на организаторите со надлежните национални асоцијации. Исто така, неопходна е соработка на различни спортски здруженија кои се занимаваат со планинско трчање на национално ниво. На крајот, регионалната соработка е неопходна не само на ниво на Словенија, Србија и Северна Македонија, туку и на други земји од регионот со цел да се пренесат искуства и примери на добри практики, да се развијат спортски експерти – тренери и да се формираат регионални натпревари и промовирање на планинското трчање воопшто.