????????

MA TARA, Serbia

Планинарската Асоцијација ТАРА е основана на 22 јануари 2012 година со примарата цел да се инспирира локалното население да започне со практикување на планинарење, качување и слични активности во регионот на планината Тара, но и низ цела Србија и регионот. Клубот стана членка на Планинарскиот Сојуз на Србија истата година, а од 2013 година е член во Спортската Асоцијација на Бајина Башта. 

 

Клубот започна со организација на планинарски тури уште во април 2012, а во изминатите 10 години има спроведено над 100 тури. Клупските членови имаат поминато илјадници километри, имаат освоено врвови и кањони зад себе, а најважно од се, тие имаат креирано мноштво заеднички моменти. Илјадници граѓани на Бајина Башта зеле учество во разни клупски активности. 

 

Покрај регуларните активности, ПК Тара се има вклучено во бројни хуманитарни и еколошки акции. Клупските членови имаат учествувано во бројни спасителни акции во тешко достапните терени на планината Тара. 

 

ПК Тара има значително искуство во имплементација на проекти поврзани со спортовите во природа, спасувањето и екологијата. Меѓу другите проекти, клубот има и екстензивно искуство во реализација на проекти финансирани од ЕУ фондови. 

Во клубот постои и тим за планинско (треил) трчање каде што членуваат и јуниори. Секцијата во планинско трчање има постигнато голем успех во индивидуална и клупска категорија а клубот воедно е и сегашниот вице-шампион во планинско трчање во Србија (2022). 

Во соработка со асоцијацијата Тара Ултра, клубот учествува во организирање на еден од најпознатите планински (треил) трки во Србија – Тара Ултра Треил. 

Контакт PK TARA

Mountaineering Association of Serbia

Планинарскиот Сојуз на Србија е национална спортска федерација во која учествуваат сите
планинарски организации, планинско-скијачки организации-клубови, здруженија и други
спортски организации. Во 2022 година федерацијата под нејзина ингеренција има 186
спортски организации со 21000 членови.
Планинарскиот Сојуз на Србија е наследник на Српското Планинарско Здружение основано
на 17 јуни 1901 во Белград и легален наследник на Планинарската Асоцијација на Србија и
Црна Гора која престана да постои на 1 декември 2006.
Тоа е самостојна непрофитна и неполитичка организација која ги регулира планинарските
спортски активности со поставување на правила и регулативи, а своите цели ги постигнува
преку работата на примарните организации и клубови во склоп на Сојузот.
Планинарскиот Сојуз на Србија е членка на Меѓународната асоцијација за планинарење и
качување карпи (UIAA), Европската Пешачка Асоцијација (ERA), Балканската Планинарска
Унија (BMU) и Европската Унија на Планинарски Асоцијации (EUMA).

Контакт MAS

TREX

Здружение ТРЕКС – Незаборавни авантури под отворено небо

Во текот на нешто повеќе од една деценија, ТРЕКС организира повеќе независни, непрофитни спортско-рекреативни настани на отворено кои годишно формираат целосен календар на трки во планинско трчање. Бездруго, нема настан во трчање во Македонија во кој членови на ТРЕКС не се вклучени како ко-организатори, помагатели, советници, волонтери, но пред сè како учесници.

Планинското трчање (trail running) е спортска дисциплина која што се изведува во природно опкружување најчесто низ планини, шуми, полиња, кањони, пустини. Овие трки на издржливост се одвиваат на секакви патеки и подлоги, со посебен акцент на почитта кон природата. На трките во планинско трчање вообичаено се совладуваат растојанија од 20км па сè до 300+км. Најтипични се УЛТРА-ТРКИ (Ultra-trail) од 60км, 80км, 100км и култната дистанца од 100 милји (170 км).

Планината претставува едно од најсоодветните места за рекреирање и практикување на активен и здрав животен стил. Сè повеќе сме во потрага по прибежишта од стресниот живот во урбаните средини а токму трките во планинско трчање ни нудат тоа што на сите ни е потребно денес – „слобода“.

Нашата мисија се крие во потрагата по искуства што го менуваат животот пат кон себе-спознание од првиот до последниот чекор. Создавање на автентични искуства во уникатната македонска природа како мотивација за себенадминување на луѓе од различни возрасти и разни краишта на светот.

Нашите цели

  • Промоција и развој на авантуристички спортови преку организирање на трки во планинско трчање
  • Промоција на активниот животен стил.
  • Промоција на Македонија и нејзиниот потенцијал во авантуристичкиот туризам.
  • Промоција на македонското кулурно-историско наследство.
  • Придонес во развојот на спортовите во природа со фокус на планинското трчање.
  • Поставување на Македонија на светската мапа на трки во планинско трчање.
  • Поттикнување на морални вредности и етичко однесување: Автентичност; понизност; ферплеј; правичност; почит кон другите; почит кон себеси; почит кон животната средина; солидарност.
Контакт TREX

HG Sports Institute Idrija

Од 2019 година Хг Спортски Институт Идрија го организира настанот Хг Треил Идрија, најпознатата трка во планинско трчање во регионот на Идрија. Започнавме со дистанци од 14км, 27км и 50км а од 2021 година организираме и Вертикал трка како и посебна трка за деца. Од 2022 година настанот доби и нова трка од 100 километри која ги носи тркачите во недопрената природа на регионот заштитен од Naura 2000 и УНЕСКО геопаркот Идрија. Горди сме да потенцираме дека Хг Треил Идрија е на листата на трки со УТМБ® индекс, а стазите имаат ИТРА сертификат. Истотака, во 2022 нашата трка беше домаќин на словенечкиот шампионат за ветерани на кратки стази (27км) што ги содржи сите категории над 35 години. 

Нашите главни цели се да организираме настани во планинско (треил) трчање со фокус на промоција на активностите во природа, здравиот животен стил, градењето на силна заедница во планинско трчање и градење на календар на вакви слични активности. Ние ја потенцираме свесноста за чистотата на природата и нашата коегзистенција со неа со што се трудиме да оставиме најмал можен импакт преку нашите организирани настани. Вклучително, активно работиме за подигнување на свесноста за УНЕСКО заштитените подрачја низ кои нашите трки минуваат, а силно сме фокусирани и на развивањето на здравите животни навики, спортот и традициите кај најмладите популации. 

Контакт Идрија