Состанокот и обуката на тимот на проектот М3 се одржаа според планираното од 30 јуни до 3 јули 2023 година во Бајина Башта, Србија, во согласност со предвидената агенда. Освен членовите на проектниот тим М3, размена на искуства за добри практики и обука присуствуваа и избрани експерти од Словенија, Србија и Северна Македонија. Пред состанокот се одржа процесот на селекција.
На состанокот присуствуваа 32 лица од 8 организации:
- Србија – 11 лица
- Словенија – 9 лица
- Северна Македонија – 12 лица
Првиот ден од оваа средба беше резервиран за регистрација на учесниците и состанок на проектниот тим. Состанокот на проектниот тим се одржа со цел да се сумираат минатите активности и да се направи преглед на идните чекори и проектни активности.
На вториот ден од М3 средбата се одржа трката Tara Ultra Trail. Се одржаа четири трки вклучувајќи ја и трката за деца. Дел од учесниците на состанокот учествуваа во трките, а дел помогнаа во организацијата. За време на трката се одржа и експо на кое на заинтересираните им беа претставени спортови на отворено и проектни активности. Ова беше можност да се види како треба да се организираат планираните Еко Треил настани, односно кои потенцијални грешки треба да се спречат. Првиот настан со Еко Треил трка е закажан за 19 август во Идрија, Словенија.
Трет ден од М3 средбата: Во утринските часови беше организирана екскурзија или обиколка на Националниот парк Тара. Конкретно, учесниците на состанокот ги посетија езерото Перуќац и кањонот Дрина и реката Врело. Во попладневниот дел од денот се одржа состанок на бродот „Гризли“ кај Перуќац согласно предвидената агенда, а фокусот беше ставен на работата со младите и улогата на училишниот систем.
Четвр ден од М3 средбата: Утрото продолжи планираниот тренинг и дискусија, а фокусот беше на примери од Србија, Словенија и Северна Македонија за практична работа со млади луѓе, популаризација на планинското трчање. Исто така, беше истакната улогата на еколошката едукација на младите за време на нивниот престој во природа. Овој дел од обуката се одржа во центаротот за посетители на Националниот парк Тара во Митровац. Во попладневниот дел од обуката беа организирани активности на отворено со практични примери и обиколка на Националниот парк Тара.