Проектен тимски состанок М1 Скопје

На 18 и 19 февруари во Скопје, С. Македонија беше одржан првиот состанок (M1) на проектот “Зелени Патеки на Иднината”. Проектот цели да ја поттикне вклученоста на адолесцентите во спортовите во природа (аутдор) со фокус на планинското (треил) трчање и да ја развие еколошката едукација на младите луѓе. 

Целите на проектот се да се зголеми бројот на адолесценти кои практикуваат спортови во природа преку планинското (треил) трчање затоа што анализите покажуваат дека моментално овој спорт е практикуван од страна на средовечната популација. Тема на првиот состанок беше понатамошна идна координација на активностите околу проектот и детално запознавање со обврските на партнерите. 

Истотака, ова беше и можност за лично запознавање на проектните партнери и размена на искуства во полето на заштита на природата. Проектот е имплементиран од организации со богато искуство во спортовите во природа ПК Тара (СРБ), Хг Идрија (СЛО), ТРЕКС (СМК) и Планинарскиот Сојуз на Србија, а е ко-финансиран од Европската Унија преку програмата ЕРАСМУС+ Спорт 2022. 


Галерија