Проектот ЗЕЛЕНИ ПАТЕКИ НА ИДНИНАТА

Проектот „ЗЕЛЕНИ ПАТЕКИ НА ИДНИНАТА“ има за цел да поттикне учество на адолесценти во аутдор спортови и да направи еколошка едукација со фокус на планинско (треил) трчање. 

 

Еден од главните проблеми на денешницата е отсуството на адолесцентите и децата во целост од голем број форми на спорт, особено спортовите во природа, а со тоа и отсуството и недостатокот од контакт со природата. Последиците од ова се рефлектираат како нездрав начин на живот, несоодветно однесување према природата и еколошките проблеми. 

 

Целта на овој проект е да вклучи што повеќе адолесценти во аутдор спортовите преку планинското (треил) трчање и да ги едуцира за заштита на природата и екологијата. Ние направивме анализа на моменталната ситуација во државите каде ќе се спроведува проектот и заклучивме дека популацијата која најмногу го практикува спортот планинско трчање е средовечна. Оваа популација во најголем дел веќе има изградено свои ставови и тешко е да се сменат нивните гледишта према заштитата на природата, за разлика од адолесцентите за кого ова е идеално време да се прифатат здрави навики и животен стил.

 

Планинското трчање се практикува во природа и во најголем број од случаите трките се лоцирани во заштитени подрачја што подразбира дека овие локации се соодветни за еколошки едукации. Активностите во проектот ќе промовираат одржливо и одговорно однесување за време на спортските активности и ќе имаат акцент на подигнување на еколошката свест на учесниците. 

 

Главна цел на проектот „ЗЕЛЕНИ ПАТЕКИ НА ИДНИНАТА“ e: Достигнување на одржливо учество на адолесценти во спортовите во прирда и заштита на природата. 

 

Специфични цели: 

 

СЦ1: Да се зголеми застапеноста на адолесценти во планинско (треил) трчање преку споделување на добри практики

СЦ2: Да се поттикне учеството на адолесценти во планинско (треил) трчање како алатка за промоција на еколошки одговорни практики и подигнување на свеста за заштита на природата. 

СЦ3: Да се подигне свеста за важноста на физичката активност преку зголемување на учеството во планинско трчање. 

СЦ4: Да се развијат вештини и клучни компетенции на волонтери, тренери, младински работници и професионалци од други партнерски организации кои работат во секторот на спортови во природа и да се поттикне грижата за природата. 

СЦ5: Да се создаде мрежа на организации од 3 европски држави кои ќе разменат добри практики во делто на организација на спортовите во природа и еколошката заштита. 

 

Проектот е имплементиран од: 

 

– ПК Тара, Србија

– ТРЕКС, С. Македонија

– Хг Идрија, Словенија

– Планинарски Сојуз на Србија, Србија

 

Проектот е финансиран од ЕУ – Европска извршна агенција за образование и култура (ЕАЦЕА).

ЕРАСМУС+ ПРОГРАМА, повик ЕРАСМУС-СПОРТ-2022-ССЦП, ДОГОВОР ЗА ГРАНТ 101090433 — ГТОФ

Talk to us

Have any questions? We are always open to talk about your business, new projects, creative opportunities and how we can help you.