Проектен тимски состанок M2 Идрија

Состанокот М2 на проектниот тим беше одржан на 12 и 13 април во Идрија, Словенија во корелација на агендата. Состанокот се одржа во присуство на 17 луѓе – претставници на сите проектни партнери и надворешни експерти. 

Следните теми беа дискутирани за време на состанокот: 

Дефинирање на најсоодветните активности за промоција на спортовите во природа, планинското (треил) трчање и одговорното однесување према животната средина и природата – фокус беш ставен на финалната дефиниција од содржината и обезбедување на финални инпути за развој на проектниот вебсајт и брошура. 

Концептот за Еко Треил настани беше развиван – Еко Треил настан ќе има во секоја од постоечките трки организирани од проектните партнери:

– 19-20.08.2023. Хг Идрија Ултра Треил, Словенија

– 25-26 May 2024. Охрид Ултра-Треил, С. Македонија

– 06-07.07.2024. Тара Ултра-Треил, Србија

Специјален нагласок ќе биде поставен на трките за млади адаптирани за различни возрасни категории. Настанот ќе се состои од самaта трка, но вклучително на тоа ќе бидат организирани еко работилници за млади. Со оглед на тоа што настаните ќе се одржат во заштитени подрачја, едукациите ќе бидат спроведувани од вработените во овие паркови: 

– УНЕСКО Геопарк Идрија, Словенија

– Национален Парк Галичица, С. Македонија

– Национален Парк Тара, Србија

Дефинирање на предлози за едукативни активности за млади луѓе во областа на заштита на природата – спортовите во природа, а со тоа и трчањето во планина се одвиваат во природа и на отворено, а многу често и во заштитени подрачја. Со оглед на тоа што иплементацијата на проектот се одвива во заштитеното подрачје, неопходно е да се искористат постоечки едукациски програми и алатки кои досега се користат од менаџерите и одговорните лица при едукација на млади. Практична примена на овие едукациски активности ќе биде презентирана на следниот состанок M3 во Србија. 

Датумот (1-4 јули 2023), привремената агенда за М3 состанокот и тренингот во Србија беа договорени. Истотака, проектниот Тим ја дефинираше методологијата која ќе биде користена за селекција на кандидатите за едукацискиот тренинг (М3). 

Најинтересен дел од состанокот беше поврзан со презентацијата на искуства од Словенија во делот на работа со деца во аутдор спортовите. 

Нина Фрелих и Јан Божич го презентираат концептот на развивање на здрави навики и спортска ориентација почнувајќи од домот – фамилијата. Двајцата се планински тркачи, а Јан е еден од најдобрите ултра тркачи во Словенија. Растејќи во ваква околина нивните деца се одлучуваат и тие да се бават со планинско трчање. 

Драго Кавчич – професор по спорт и физичко воспитание го презентираше начинот на работење со деца во склоп на регуларниот школски систем и планот на екстерни активности при работа со талентирани деца. За време на неговата богата кариера, Драго Кавачич усмерувал бројни деца на правиот спортски пат а тој се смета за еден од најзаслужните луѓе за развојот на Моника Храстник, Европска и Светска МТБ шампионка. 

Изток Кордиш e директор на Валдорф Школата во Љубљана и спортски ентузијаст, тој е најмногу поврзан со крос кантри скијањето. Изток го презентираше системот и спецификите при работа со деца во склоп на Валдорф Школскиот Систем. Специјален фокус беше ставен на презентацијата на концепт учењето во природа и спортските активности во едукацискиот систем. Движењето Валдорф, спортот и програмата на игри во овој систем е фундаментално различна од онаа во конвенционалните школи. Спортската едукација и активности се подесени према стадиумот на развој на децата а од друга страна тоа е во корелација со она што го учат децата во училиште.

Истотака, за време на состанокот беа дефинирани следните чекори на менаџмент, евалуација и имплементација на проектот како и задолженијата на партнерите. 

Како дополна на состанокот организирана беше прошетка во Идрија. Учесниците го посетија Музејот во Идрија, затворениот рудник за жива како и имаа едукациска прошетка во Туристичкиот Информативен Центар во Идрија.


GALLERY